001

За сите оние кои трагаат по оригинална идеја за новогодишно декорирање на домот, ви претставуваме една поинаква, сино – бела инспирација со празнични мотиви. Белата боја хармонично ја пресликува снежната идила во амбиентот, во комбинација со сензуалните сини тонови на небото и морето. Беспрекорен спој за светол, романтичен и нежен изглед на ентериерот, со суптилен блесок и сјај. За разлика од традиционалната комбинација на црвена и зелена боја, овој тандем на бои е исклучително модерен, му дава префинета нота на домот, и внесува многу стил и елеганција во просторот. Инспирацијата ја пронајдовме во празничната понуда на Wisteria, со грст убави идеи за новогодишно и божиќно украсување на катчињата во домот, на каминот, елката и трпезата. Изберете ја вашата омилена комбинација и дајте му уникатен изглед на вашиот дом во пресрет на убавите празнични денови.

002

003

004

005

007

006

008

009

010

011

012

013

014

015

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерната уметност во Готвач
Следна објаваЖивотот дава нови шанси
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР