Се ближи Божиќ и DivianArts Ви нуди креативно искористување на кутиите од сладолед. Со оваа идеја може да го разубавите Вашиот дом или да изненадите некое дете со оригинален подарок – Дедо Мраз.

Потребно:

  • кутија од сладолед;
  • бел и картон со боја на кожа;
  • парче син и црн материјал (да се направат очи);
  • капа за Дедо Мраз;
  • лепак;
  • ножици;
  • линиар;
  • шминка.

Започнете со залепување на капата на кутијата. Потоа го сечете белиот и картонот со боја на кожа во форма како што е покажано во видеото. Ги правите очите на Дедо Мраз и го обликувате неговото лице лепејќи ги картоните еден за друг. Со шминка ќе ја нацртате устата и ќе ги зарумените образите за да добиете оригинален изглед на Дедо Мраз.

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразничниот дух во декември
Следна објаваЛето во есенски лисја | Фросина Анѓелкоска
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР