„Андерсен има способност да ги артикулира дури и најситните, длабоки желби да ги направи трансцендентни приказни.“

Едно момче во Данска, роден во сиромаштија од татко чевлар и мајка чистачка, имено неписмени – ги минува своите денови слушајќи ги жените во локалната лудница, како тие раскажуваат приказни за да им помине времето. Овој необичен сплет на околности прави усната традиција и фолклорот станува негово истражување од кое подоцна ќе резултираат најубавите бајки на сите времиња, кои ги придвижија генерациите на деца кон магичниот свет на имагинарната игра, верба и надеж. Од сиромашен талент до меѓународен заштитник на бајките како жанр – Ханс Кристијан Андерсен продолжува да живее долго, долго по неговата смрт… во детските соби, во училниците, во разговорите на ручек или пред екраните.

Илустрациите кои следуваат во прилог се дело на дуото уметници, Katharine Beverley и Elizabeth Ellender кои твореле во периодот 1920-1930 и кои пионерски ги вовеле елементите на графички дизајн многу порано од што оваа дисциплина била измислена. Влијанието на нивното дело е евидентно во доста примери од современата уметност, додека конкретната серија илустрации се однесува на „Снежната кралица“.

1

2

3

4

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа крајот на светот | Sasha Leahovcenko
Следна објаваКреативна соработка меѓу татко и син
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР