01

Во модерната западна култура, ескимскиот бакнеж е чин на притискање на врвот на носот, со врвот на носот на друга личност. Ваквиот чин потекнува од традиционалниот бакнеж на Инуитите, наречен  ,,kunik“.

1

,,Kunik” е форма на изразување љубов, обично помеѓу членовите на семејството и останатите најблиски личности од вашето опкружување. Вистинскиот ,,kunik” поздрав вклучува притискање на носот и горната усна врз кожата (најчесто на образот или челото) и дишење, како би се почувствувала толина. Честа заблуда е дека Инуитите се поздравуваат на овој начин, бидејќи кога би се бакнале усни на усни, тие би останале замрзнати заедно.

2

Објаснувањето е дека овој начин на интимен поздрав се практикува, затоа што луѓето кои живеат во овие студени предели се облечени така што ретко кој друг дел од телото им е изложен, освен носот и челото.

1

Кога првите истражувачи на Арктикот биле сведоци на ова однесување, го нарекле ,, Ескимо бакнување”. Една од најраните претстави на ескимски бакнеж се среќава во филмот на Robert Flaherty – ,,Nanook of the North” (1922). Најверојатно западната форма на  ескимскиот бакнеж произлегува токму од овој филм. Сцени кои вклучуваат ескимски бакнеж се среќаваат многу често во популарната култура (на пример во неколку епизоди на ,,The Simpsons”).

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЊујорк во акварел
Следна објаваЕлизабета: Златното доба – Таша Александер
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР