Кој не би се восхитил на спојот од литература и графички дизајн? Уште минатата година, Evan Robertson направи бум со неговите деби-постери од областа на книжевните цитати преточени во уникатен графички дизајн, каде акцентот беше ставен на Ернест Хемингвеј, Курт Вонегат и многу други. Цитатите искористени во уметничко дело, со мохохроматски стил повторно се во центарот на вниманието: „ако некогаш Ви се случило да подвлечете една реченица во книгата или сте означиле обраќање кон Вашите читатели, тогаш имате креирано врска која отвора нов прозорец на идеи“, пишува Robertson во меилот до The Huffington Post. „Избрав цитати на некои од моите омилени автори и дозволив зборовите да бидат отскочна штица за нова идеја и илустрација“.

1

2

3 4

5

6

7

Она што започна како реализација на идејата за постери, продолжи кон графички дизајн пренесен на џебни тетратки, разгледници и маички. Во овој период од годината, доколку сте во недоумица што да подарите на Вашиот пријател-библиофил, имаме совршен предлог за Вас.

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШармантен стан со пријатни бои
Следна објаваЊујорк во акварел
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР