1

Тажните приказни се најубави за зима“, напишал Шекспир – „Снежното дете“ е совршен пример за тоа, како прв роман на младата новинарка и авторка од Алјаска, Eowyn Ivey. Таа укажува на тоа дека ако било кој се соочува со тежината на зимата како што прават бездомните дечиња… Мејбел и Џек, во нивната бездетна куќа како главни ликови во оваа приказна кои се стационирани на најсеверната граница во 1920 година – трагаат по нешто, по детска смеа и енергија додека Ве оставаат да трагате по надеж за редуцирање на тагата отколку што некогаш сте замислиле.

3

Објавена минатата година и достапна во мек повез, книгата се оценува како лебдење помеѓу митот и натурализмост без да изостане ефектот на смирување. Започнувајќи во тоќна на комбинација од бајка и мит, со пронајдена инспирација уште од 1857 година на руски јазик, во приказната за Снегурочка, половина девојка, половина мраз… Фаина е лик кој внесува жив кредибилитет со деликатен карактер кој го сплотува фанстастичното во реалното. Пејсажите на Алјаска се груби, но неверојатно прекрасни. Снег и замрзнати води, бели шуми и диви животни наспроти амблемот на надеж и виталната топлина по која трагаат двете деца.

the-snow-child-book-jacket

Опција да се чувствувате студено и тажно: ова страшно новелистичко деби ќе Ве убеди дека во некои случаи, фантастичните приказни со преливи на тага и мистерија, пулсираат сила во животот, која, верувале или не, е најдобра за оваа сезона. Па дури и на почетокот на истата!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСнежна мода
Следна објаваНаправи сам | Расположение од цимет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР