00

Спојот на неутрални и пастелни нијанси е секогаш добар избор за уредување на домот, давајќи му суптилна колоритност, елеганција и по малку блескав изглед на ентериерот. Со ваквата палета се постигнува светлина, свежина и лежерност во просторот, па идеално решение е за секоја соба, особено во оние каде пријатниот амбиент е задолжителен. Ви претставуваме прекрасна куќа во Мадрид, за чиј елегантен дизајн се заслужни архитектите Borja de la Torre и Ángel Menéndez, а комплетно е стилизирана со повеќе различни варијации на светли пастелни и смирени неутрални тонови. Одличен пример е како со вистинските детали и убавите декоративни финеси, може да се постигне навистина извонреден ефект – стилски и опуштен изглед на домот со компактност помеѓу просториите, без притоа да делува монотоно и стерилно. Различните нијанси на сива, беж, кафена и крем во спој со белата боја креираат атрактивна визуелност во дневната соба, кујната, спалната и бањата, додека нежната розова и бледо сината се комбинацијата за игривата детска соба. Деталите се префинети и одбрани со вкус, а вклучуваат топли дрвени допири, романтични украси и цветен декор. Простор кој дише со сензуалност и убавина, зар не? Погледнете ја галеријата во продолжение и инспирирајте се од идеите во овој деликатно уреден простор.01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни пејсажи под темните црни светла
Следна објаваМоден стил: Бел бохо топ
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ