Ниска, црвена зграда од тули сместена врз трева среде градскиот хаос како гарант на молкот на едно минато време. Всушност, се работи за пусто и изолирано место каде никој досега не се осудил да стапне два пати во денот. Или, два пати во месецот…

Вака започнува видувањето на речиси секој читател по повод значењето на библиотеките. Благо кажано, познати како катедрали на душата – би сакале да веруваме дека секогаш ќе постои тој тип на читатели кој ќе го негува ваквиот став, но од друга страна, дека ќе постои и друга категорија на читатели кои ќе го празнуваат истиот од еден поинаков аспект. Да речеме, комбинирање на фотографија со архитектура, каде што во главна улога би се појавила библиотеката, во својство на разгледница. Идеја за купување, пополнување и испраќање на внимание по пошта се чини дека одамна го загуби своето значење… особено во ерата на социјалните мрежи, е-поштата и популарниот Instagram.

Уште поносталгична е вистината која гребе со своите нокти кон заборавените вредности, изгубените навики да се посетуваат и унапредуваат библиотеките. За таа цел, оваа vintage колекција на стари разгледници со американски библиотеки како извор на јавна гордост и најдобра градска презентација има мисија да Ве потсети на она што веќе го знаете, еден визуелен потсетник и споменик на следново:

„Библиотеката подразбира чин на вера низ генерации, која додека се криеше во мракот, се најави од ноќта дека преминува во светлината на денот.“
– Виктор Иго

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПолици за сонувачи
Следна објаваКапчиња за оваа зима
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР