За сите љубители на суптилно уредените катчиња, еден прекрасен мини стан кој освојува со деликатната романтична визија во ентериерот. Станот е со површина од скромни 52 м2, сместен во автентична стара градба од почетокот на минатиот век, а со внатрешност која е неодамна реновирана. Уреден е во минималистички стил и со модерен дизајн, како и фасцинантна романтична нота внесена преку деталите. Изборот на бои се сведува на доминација на белата, во комбинација со беж, сиви и кафени тонови, што се покажува како одличен потег, бидејќи ваквата светла шема на бои визуелно го проширува просторот и му дава сјаен ефект. Вниманието најмногу го крадат впечатливите ѕидови. Во дневната соба особено атрактивен е нагласениот ѕид со поетичен шарм, половина бојадисан, половина украсен со декоративно испишан тапет. Во  кокетната спална соба, ѕидот од темен ламинат неодоливо потсетува на рустично винско сандаче, а е совршено искомбиниран со нежната завеса со принт. Кујната, пак, ги спојува белите елементи, бледо сините плочки и топлиот дрвен под во мошне пријатен микс. Како целина, станот восхитува со посебноста, стилот и оригиналниот дизајн, но и сензуалноста и лежерната атмосфера која е креирана во малиот простор. Исполнет е со слатки детали,  букви насекаде и инспиративни винтиџ декорации, како што е старата виолина прикачена за ѕиден декор, внесувајќи дополнителна романтика во и онака магичниот амбиент. Блескав мини стан со нежна убавина, кој сигурно нема да ве остави рамнодушни…

01

02

03

04

05

06

07

08

09

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDamien Hirst за Alexander McQueen
Следна објаваФото на денот | Убивање на времето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР