Ако некогаш сте почувствувале дека навистина Ви е доста од едноличноста на Вашиот дом, од истите декоративни елементи, драги фотографии или свеќници со/без значење – тогаш денешниот Направи сам предлог ќе Ви биде добредојден. Станува збор за едноставен, брз и прифатлив проект кој може да го поставите било каде во домот…

Потребно Ви е:
– тенка, дрвена плоча
– молив
– нитни во метална боја

Едноставноста настапува веднаш во првиот момент: дрвената плоча (во боја и димензии по избор) ја поставувате на маса и врз неа пишувате цитат, поздрав, збор – било што поради кое ќе се чувствувате убаво во домот. По линиите на напишаниот текст, ќе започнете да ги закачувате нитните една по една, оддалечени на мало растојание. Откако ќе завршите со постапката, ќе Ви остане само позиционирање на Вашиот потсетник, колку е убаво да се биде дома.

1

2

3

4

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасен ентериер спакуван во 46 м2
Следна објаваЊујорк од хартија | Eiko Ojala
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР