По продажбата на имотот во Монтесито, популарната холивудска актерка Дру Баримор по се’ изгледа се одлучи својата луксузна куќа во Калифорнија да ја замени со ништо помалку гламурозен и атрактивен стан во Њујорк, лоциран на познатата Парк АвенијаНовиот дом на Баримор е раскошен дуплекс со интересен дизајн кој наликува на студио. На долниот кат се наоѓа грандиозната дневна соба со високи плафони и необично големи прозорци, а во неа се идвоени две различни позиции за седење, секоја од нив со посебен камин. Тука е и пространата светла кујна, како и една од спалните соби со целосно екипирана бања. На горниот кат, пак, сместена е главната спална соба, со засебна просторија за седење и спа купатило. Апартманот е неодамна реновиран, и располага со четири спални соби, три камина, централна климатизација, враден звучен систем и преубав под. Вредноста на дуплексот се проценува на 8,3 милиони долари, но сe’ уште е неизвесно која е сумата што ќе ја издвои актерката за неговото купување.

01

02

03

04

05

06

07

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВечен тренд | Маици со натписи
Следна објаваДополнителен термин за претстава – Огнени Јазици
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР