001

Современиот шведски дизајн се покажува како вистинското решение во овој еднособен стан, сместен во станбена зграда во историски дистрикт на прекрасниот Гетеборг. Станува збор за едноставен, лаконски и функционален концепт, со паметни идеи за искористување на просторот, кои му даваат чувство на отвореност и поврзаност на собите. Иако со мала површина од 44 метри квадратни, животниот простор е подеднакво практичен, колку што е и стилски реализиран. Креирана е една отворена и компактна целина, во која хармонично се поврзани дневната соба позиционирана до прозорецот, модернистичката кујна со трпезарија, и мини спалната издигната на второ ниво. Под неа, пак, просторот рационално е искористен за гардеробер и домашна канцеларија, а во засебен простор е издвоена единствено малата, но пријатна црно-бела бања со туш. Скромната квадратура визуелно е зголемена со изборот на белата боја како основа, во комбинација со акцентираните ѕидови со цигла. Контрастот на светли и темни дрвени допири на подот, пак, внесува топлина и пријатен амбиент во ентериерот. Декорот е минималистички, комплетно следејќи ја нежната линија и хармоничниот тон  во кој е уреден овој сладок дом. Инспирирајте се!

02

03

04

099

06

07

12

14

15

16

17

18

19

22

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинималистички Потер | Jessica Martinez
Следна објаваChanel чанти за оваа есен
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР