Околу историјата за тоа како настанал овој коктел постојат повеќе верзии, но едно нешто им е заедничко на сите, а тоа е периодот во кој е настанат. Една од верзиите е дека тоа се случило во 70-те години на 19 век, на банкетот во чест на претседателскиот кандидат Samuel J. Tilden, одржан во клубот Manhattan во Њујорк. Сепак, ова е помалку веројатната верзија, бидејќи како организатор на банкетот се споменува мајката на Winston Churchill, која била бремена тој период. Другата верзија е поврзана со името Black – барменот кој имал локал близу Houston Street на Бродвеј, за кој се верува дека е местото каде настанала рецептурата за овој познат коктел.

03

Потребно ви е:
– 5.0 cl Bourbon
– 2.0 cl Red Vermouth
– 1 Dash Angostura Bitter

01

Начин на подготовка:

Сипете ги сите состојки во микс чаша со лед и измешајте добро. Потоа, во изладена коктел чаша сипете го направениот микс. За декорација послужете се со црвена цреша. Вашиот ,,Manhattan” коктел е подготвен за дегустација. Уживајте во вкусот!

02

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастични погледи | Thomas Schller
Следна објаваКреативни и флексибилни | Paperlux букмаркери
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР