01

Сместена на преубава локација, во идилично природно опкружување, оваа топло уредена куќичка е едно од oние места на кои со задоволство би побегнале, уживајќи далеку од градската динамика и метеж. Некогаш стара руина, а денес прекрасна семејна оаза, преуредена со многу посветеност, имагинација, љубов, но и талент на нејзината сопственичка – дизајнерката Isabel Peletier. Извршена е комплетна реставрација и внимателно реновирање, при што задржани се автентичноста, камената структура на градбата и масивните дрвени греди кои и даваат посебен рустикален шарм. Многу практично и комфорно е уредена во внатрешноста, со добро избран мебел, и декор кој ги пресликува боите на околните пејзажи во ентериерот, балансирано внесувајќи ја колоритноста на природата во домот, со доминација на сините, розовите и зелените тонови. Нежната белина на ѕидовите, пак, во комбинација со природната светлина од прозорците, создава сјаен светол ефект и многу пријатен амбиент, надополнет од топлината на дрвените допири и од каминот. Повеќето декорации се стари винтиџ украси и антиквитети, и се сосема спонтано избрани, но совршено се вклопуваат во слатката романтична атмосфера која ја внесува цветниот декор. А, кога се цвеќињата во прашање, хармоничната градина буквално мами воздишки со боите на расцутените хортензии и свежината на живописното зеленило…Идила од мечтите!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСрцето на Тоскана
Следна објаваЉубовници кои се бакнуваат | Claire Streetart
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР