Книги, книги, книги…книги насекаде! Минијатурно станбено катче со површина од само 26 метри квадратни, претворено е во вистинско читачко гнездо и симпатичен дом со многу лежерна и пријатна атмосфера. Станот е со минималистички дизајн во препознатлив скандинавски стил, а љубовта кон пишаниот збор е со сигурност  највпечатлива како акцент во просторот, меѓу остатокот романтични и несекојдневни детали. Доминира белата боја, од ѕидовите, па се’ до парчињата мебел, надополнета од неколку суптилни црни допири и дрвениот под. Малата површина е функционално искористена, така што во еден отворен простор сместени се импровизирана дневна соба, мини канцеларија и романтична спална, оддавајќи впечаток на мини дом со нежен боемски шарм. Од двете страни на ходникот, сместени се малечката кујна и тоалетот, па така, обезбедени се сите предуслови за удобен секојдневен живот. Ентериерот е многу непретенциозно и нетипично декориран, почнувајќи од лежерно ,,расфрланите’’ книги, миксот на искинати страници и фотографии со кој се облепени ѕидовите, па се до ,,креветот за мечти” поставен крај прозорецот, кои навистина му даваат уникатен изглед на просторот. Светла и сјајна оригинална визија спакувана во еднособен стан од само 26м2!

015

012

011

003

002

001

006   004

005

007

008

009

010   013

014  09

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаграда „Жан Моне“ за 2013 година
Следна објаваM.I.A дизајнира за Versus Versace
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР