Многу розови допири насекаде низ станот, во комбинација со елегантната игра на црната и белата боја, се стилските финеси кои му даваат шик димензија на овој убав и пријатен дуплекс. Вистинска сензација во 90 метри квадратни, распоредени на две нивоа, а со одличен редизајн за кој најзаслужен е архитектот Charlie Díaz, давајќи му сосема нов изглед, со поинаков распоред и комплетно различна естетика на просторот. Од првобитното издание, отстранети се преградните ѕидови, со што е креиран амбиент на отворен простор, а поставувањето на нови поголеми прозорци овозможува непрекинат продор на многу природна светлина во секое катче. Доминантните бели ѕидови совршено се вклопени со подот од дабово дрво, давајќи му топла и релаксирана атмосфера на домот. Дневната соба, кујната, трпезаријата и бањата се сместени на долното ниво, додека горното ниво располага со нежна спална соба со бања, која води кон прекрасната тераса на кровот. За поавтентичен и кокетен изглед на просторот, избран е декор со марокански шарм, кој внесува игривост и суптилна ориентална нота во елегантното опкружување.


11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Пастелни модни додатоци
Следна објаваРомантична езерска бајка | Relais Villa Vittoria
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ