Направивте ли нешто значајно денес? Запрашајте се во секој миг на искрена среќа. Умешност е од состојбите на минливост да изградите трајно сеќавање. Насмевките знаат да остават вечен белег. За да се бориме со нашата слабост, потребно е да се вооружаме со ведрина. Трајните вредности и уметноста нé надживуваат, правејќи нé предци на нашите следбеници.

0

Вака, сурово искрено и гласно одекнува пораката со која младата креаторка Ирина Тошева ја претстави својата оригинална модна визија за сезоната есен/зима ‘13/’14. ,,Memento Mori е симболичниот назив на колекцијата, која не само што нуди ново, екстравагантно и по малку револуционерно дизајнерско видување на модернaта елеганција, туку и многу смело пркоси на минливоста на времето, испорачувајќи модни парчиња со безвременска урбана димензија. Инвентивната игра со повеќе различни материјали и форми, спакувана е во богата и квалитетна понуда на уникатни модни креации, секоја од нив освојувајќи со умешната стилска комбинација на детска игривост и драматично софистицирана естетика. Не изостанува ни неизбежниот дел од креативниот опус на дизајнерката – ведрината, овојпат обоена во розов тон, во контраст со принтот кој нé потсетува дека не сме тука вечно.

17

,,Memento Mori’’ за првпат беше претставена во рамки на последното издание на Fashion Weekend Skopje, собирајќи ги симпатиите на јавноста по премиерното прикажување на ревијата. Овојпат, ја имаме честа ексклузивно да ви го претставиме промотивниот каталог за колекцијата, подготвен од Ирина Tошева во соработка со нејзиниот креативен тим. Шминка Виктор Мирчевски, фризура Studio Allure, фотограф Горан Поповски. Авангарден сет фотографии, на кои парчињата со нејзин потпис се селат од модните писти, моќно оживувајќи во андерграунд сцени во метрополата.

,,Прави добро, живеј подобро, и облекувај се најдобро. MEMENTO MORI.”

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистината за Вашиот страв
Следна објава„Балерина“ во чест на Maya Plisetskaya | Eduardo Kobra
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР