Импресивен имот, сместен на површина од половина хектар во близина на Лос Анџелес, со традиционална градба која неодоливо потсетува на автентична шпанска хациенда. Вака изгледа спектакуларниот дом на филмската ѕвезда Роберт Патинсон, актерот препознатлив по водечката улога во филмските остварувања за Самрак сагата. Куќата е изградена во 1922-та година, но оттогаш е комплетно реновирана, и денес е атрактивно здание кое располага со 3 спални соби, 3 бањи, раскошна дневна соба со трпезарија, пространа кујна, но и величенствена градина и базен кои мамат воздишки надвор. Во сопственост на актерот е од 2011-та година, но, не уште долго, бидејќи веќе е ставенa на продажба и тоа за цена од  ,,скромни’’ 6,75 милиони американски долари. Како ви изгледа вам?

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

11

13

14

15

16

17

18

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕнергични жени | May Sum
Следна објаваAnzac и Peggy – најдобри пријатели
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР