Љубителите на позата „заглавени во книга“ знаат дека ниту едно чувство на задоволство не се споредува со уживањето во добра книга. Страница по страница, се чини дека ова вонземско искуство се повеќе и повеќе Ве внесува во заплетот, Ве доближува до карактерите и во развојот на приказната. Она што тие го начуле или можеби го знаат, е дека оваа активност не означува само забава – туку напротив, истата е одлична за Вашето здравје. Ѕирнете ги овие 5 начини на кои навиката за читање влијае позитивно врз Вашето здравје…

1

1. Го редуцира стресот.

Кога ќе заглавите во добра книга, сите Ваши мисли се заглавени во заговорот и ликовите и се чини дека сите Ваши секојдневни грижи и стресови исчезнуваат! Не само што така Ви делува – туку тоа е и научно докажан факт. Една студија од 2009 година покажува дека читањето во рок од само 6 минути го намалува стресот за дури 68 проценти, така што ги успорува Вашите срцеви отчукувања и ја намалува мускулната тензија. По стресниот ден на работа, наместо да се сместите пред телевизорот, отворете книга и најдете удобно место за читање…

2. Ја подобрува меморијата.

Во ред, како факт ова не би требало да Ве изненади. Исто како и Вашите мускули, мозокот сака свој посебен тренинг. Редовното читање ги оджува Вашите мемо-вештини во кондиција, додека пак едно неодамнешно истражување покажа дека постарите луѓе коишто читаат редовно имаат 2.5 пати помала веројатност да добијат Алцхајмерова болест.

3. Го подмладува мозокот.

Се разбира дека сеуште не сме во состојба да го запреме процесот на стареење, колку и да го сакаме тоа – но, читањето може да Ви помогне да го забавите стареењето на мозочните клетки. Истата студија покажува дека читањето значително ја намалува стапката на когнитивниот пад, така што наш совет е да заспивате покрај Вашата книга секоја вечер ако сакате да го одржите Вашиот мозок млад и енергичен.

4. Ја зголемува емпатијата.

Кој од Вас не знаеше дека читањето може да Ве направи подобри луѓе? Очигледно, зголемувањето на емоциите кои ги апсорбирате од книгите може да ги пренесете во вистинскиот живот. Истражувањето покажува дека луѓето кои редовно се пронаоѓаат во сижеата на книгите се посочувствителни, отворени за различни карактери во нивните животи.

5. Ја зголемува толеранцијата за неизвесноста.

Ако бидеме искрени, речиси секој од Вас се бори со двосмисленост или недостаток на контрола во извесни лични ситуации од минатото. Тоа што не ја знаеме иднината може да биде навистина стресно – изненадувачки или не, еден лесен начин за да се справите со таа маана е да читате повеќе. Читањето фикции може да предизвика зголемување на толеранцијата за неизвесноста. Како што луѓето навлегуваат подлабоко и подлабоко во измислените приказни и ликови, нивните умови всушност стануваат отпорни на изненадувања и се вооружуваат со можности, опции и неизвеснот.

Сите ние знаеме дека читањето е забавно, но горенаведените придобивки навистина значат многу за Вашето здравје и Вашиот живот. Ако читате повеќе, повеќе добро за Вас. Доколку читате помалку, обидете се да го измените тоа… единственото нешто што Ви треба се книги и време.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубовта е насекаде
Следна објаваВо земјата на чудата | Queenie Liao
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР