Акцентираниот ѕид со цигла е секогаш убаво решение за ентериерот, давајќи му атрактивен изглед на станбеното катче, a особено доколку е во комбинација со белата боја, како избор за остатокот од ѕидовите. Во овој неверојатно привлечен станбен простор, тој е нитката која ја поврзува целината, и може да се сретне како детал oд дневната соба, спалната, па се’ до бањата. Станот е со површина од 58 метри квадратни, но визуелно делува многу попространо и исклучително комфорен за живеење. Станува збор за стара мадридска градба од 1916-тата, внимателно реновирана од нејзиниот сопственик, задржувајќи притоа елементи од минатото и во новиот дизајн. Старата врата, прозорците и грубите ѕидови му даваат кокетна ретро нота на просторот, во ентериерот со винтиџ стил на уредување, дрвени допири и многу колоритни детали во убаво стилизираниот ентериер. Декорот е сочинет од симпатични поп украси, слатки детали во интензивни бои и уметнички дела кои ја разигруваат белината на опкружувањето. Оригинално издание кое освојува со својата посебност и енергијата која ја рефлектира….

1

5

2

3

6

4

   7

8

9

10

11

12

13

14

15

16 17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќна рекламна кампања на ОН
Следна објаваНедостаток од читање | Daryl Fitzgerald
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР