Доколку во домот ви се наоѓа некоја стара дрвена масичка, која и не изгледа баш најпримамливо таква каква што е, тогаш ви нудиме четири нови и креативни идеи со кои можете да и дадете комплетно поинаква, практична и декоративна намена. Четири мини проекти со шик инспирации, секој со различен ефект кој можете да го постигнете во домот, давајќи му нов сјај на старото парче мебел. Одберете ја омилената, креирајте и забавувајте се!

5

1. Минималистички полици на ѕидот

Поделете ја масичката на два дела, така што едниот од нив да е малку поширок од другиот. Бојадисајте ги двете парчиња во ист тон со ѕидот на кој планирате да ги прикачите, а потоа зацврстете ги со држачи во истата боја. Ќе добиете прекрасни минималистички полици погодни за секоја просторија. Ако сакате да го акцентирате вашето ново декоративно катче, тогаш нанесете и втора боја со која ефектно ќе ги нагласите ѕидот и полиците.

1

2. Цветна оаза во домот

Доколку сте љубители на цвеќињата и цветните мотиви во домот, тогаш оваа идеја ќе ве воодушеви. Освежете ја вашата масичка, аплицирајќи на неа фото-принт со цветни мотиви одозгора и странично (облепете ја со цветен дезен по ваша желба), а ногарките бојадисајте ги со друга, контрастна интензивна боја. За комплетен ефект, декорирајте го и ѕидот со цветни детали (вештачки цветови се најпогодни за оваа намена), кои вашето катче ќе го претворат во вистинска цветна оаза во домот.

2
3. Елегантен детал во претсобјето

Поделете ја масичката на две идентични половини, сложете ги една врз друга, а потоа прицврстете ги за ѕидот со држачи. За поелегантен изглед и гламурозен ефект на вашата креација, одлична идеја е да ја бојадисате со спреј во сребрена нијанса. Ќе создадете совршен детал, идеален за ходникот или претсобјето.

3

4. Винтиџ биро со ретро шмек

Ретро деталите секогаш внесуваат посебен шарм во домот. Ако вашата замисла е масичката да ја претворите во впечатливо винтиџ биро, се’ што треба да направите е прво целата да ја бојадисате со омилената нијанса. Откако ќе се исуши, со шмиргла истругајте дел од бојата на одредени места, така што ќе постигнете поавтентичен винтиџ изглед, ,,оштетен’’ и старински. За комплетен ефект на вашето биро, декорирајте го со уште некој детал со ретро шмек, а инспиративна идеја за ѕидот е да го украсите со стари фотографии или, пак, искинати страници од некоја стара книга.

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНобелови награди 2013
Следна објаваRalph Lauren | Прошетка со кучиња
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР