Убаво, елегантно и софистицирано, а истовремено многу практично и паметно решение – вака изгледа концептот по кој е уредена оваа привлечна и комфорна спална соба, дизајнирана со деликатен спој на белата боја и златните допири. Фасцинацијата од оваа комбинација е присутна до најситниот детал, од изборот на мебел и прекривки, па се’ до декoративните финеси. Тандемот бело и златно придонесува за уникатен визуелен ефект во спалната: белата боја и го дава потребниот смирен и релаксирачки амбиент за квалитетен сон, додека златото внесува многу раскош, префинета и гламурозна нота во просторот. Освен што е многу шик и со  атрактивен изглед, може да се пофали и со креативни решенија за складирање, искористувајќи го слободниот простор на мошне рационален начин. Така, делот над креветот е многу функционално и убаво искористен како полица со лежерно поставени книги, украси и лампа за осветлување. Крај креветот, сместена е едноставна, но елегантна бела масичка со златни ногарки, одлична за оставање на шолјата чај или книгата. Светилката над неа пак, овозможува дополнително светло за читање во доцните часови. Изборот на прекривки и перници целосно се придржува до бело-златната тема, со микс на бели, окер нијанси и суптилен сив допир кој ненаметливо ја разбива монотонијата. Се’ e толку непрентициозно, спонтано, лежерно и минималистички, а сепак со огромна количина на стил и елеганција, типично за скандинавскиот стил. Одлична идеја доколку сте во потрага по инспиративен дизајн за стилско уредување на вашето ноќно катче.

1

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевна Möbius Strip загатка
Следна објаваDesigual | модни додатоци за есен/зима ’13/’14
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР