Дали го препознавате чувството дека меѓу илјадници луѓе се чувствувате како да сте сами? Како да сте набљудувач на сопствениот живот и се гледате преку затворен прозорец и никој не допира до вас?

Одбројувајте до вистината, одбројувајте до почетокот на вашата борба, исполнете го вашиот најлуд сон, верувајте во себе, не се плашете од непознатото, од тоа да не бидете напуштени…свртете се кон љубовта, сакајте се себе си, фокусирајте се …

Весна Петрушевска, Јелена Јованова, Тања Кокев, Тони Зен, Винка Саздова, Магдалена Ѓорѓиева и Трајче Стојанов го отвораат прозорецот на нивните животи за да испратат една многу силна порака: ВИЕ НЕ СТЕ САМИ.

1238223_323456547797175_686832907_n

Пи Ворлд во соработка со Издавачки Центар Три, Тулип Продукција и Навигаторс на 16 Октомври ќе го претстават филмот СТРАВОТ на Коста Петров, ексклузивно и премиерно со само едно прикажување во 20.00 часот во киното Cineplexx. Билетите се веќе пуштени во продажба.

Филмот е направен за секој од нас кој секојдневно се бори за да преживее и доаѓа до оној момент: ”Доста е, веќе не можам”. Кога го менуваме светот, секогаш тргнуваме од себе. Така и овие 7 луѓе решија да тргнат од себе, да Ве пуштат во својата најдлабока интима, да се соголат пред нивниот страв и да Ви покажат дека битките нам ни се исти, а непријателот ни е заеднички. И кога веќе сите се бориме со СТРАВОТ, зошто да не се здружиме? Зошто да не се охрабриме и поддржиме? Зошто да не ги споделиме своите искуства? Зошто да не си помогнеме едни на други? Токму тоа е суштината на овој филм, она што се провлекува низ секоја приказна, она што останува како заедничка порака:” Не се откажувајте никогаш, стравот се победува, сите ние можеме да излеземе победници”. Ве покануваме да го проследите филмот заедно со нас, и да помогнете оваа борба да прерасне во организирана војна против нашиот заеднички непријател: СТРАВОТ мора да се победи – вели Коста Петров, според чија книга е и снимен документарецот.

Документарниот филм е надополнување на книгата која е своевиден учебник и насочник за борбата со стравот. Сите поглавја се оживеани и отсликани преку животот на оние кои што едноставно посакале излез. Тие се мотивационата приказна за секој од нас, почеток на промената која ќе ја сноси животот. Снимен е буквално во еден “здив”, и со една цел, победа над Стравот.

Јелена Јованова

1398180_324282194381277_392815464_o

Стравот го доживеав во периодот кога ми се случуваа најубавите работи, тогаш атипично за моите години, престанав да верувам во себе… Само една работа е суштинска за да се дојде до вистинската среќа, треба да се најде правиот фокус….

 

Винка Саздова

884304_322617751214388_2134683169_o

Токму кога тргнав да се справам со мојот најголем страв, всушност го доживеав…Авионот паѓаше, реков, зарем сега кога тргнав да направам нешто со себе, зошто не кога ќе се враќам назад…

 

Весна Петрушевска

vesna petrusevska

Стравот е човечка несигурност, мој најголем непријател. Имам страв од сама себе, поради моето предавство према себе, во два наврати. Тоа беше последица на мојот континуиран животен страв, да не бидам напуштена.

 

Тони Зен

1383450_323865087756321_1298901797_n

Доколку направите визија за себе и едно сценарио, тогаш го знаете почетокот и крајот на филмот. Тогаш стравот нема да биде присутен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Дождлив Париз
Следна објаваChristian Louboutin | Со потпетици до подолги нозе
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР