„Не е ни чудо што вистината е поинаква од фикцијата. Фикцијата секогаш мора да има смисла.“

„Дозволете ни да живееме на таков начин што кога времето ќе дојде, дури и на погребувачите ќе им биде жал.“

Кога Вашите пријатели ќе почнат да Ве фалат колку млади изгледате, тоа е сигурен знак дека стареете.“

1

Она што го знаеме за Марк Твен се неоспорливите наслови кои го поттикнуваат читателот на реакција, „Авантурите на Хаклбери Фин“ и „Том Соер“ (а нешто подоцна и „Големиот американски роман); но она што не го знаеме дека израснал во Мисури, со името Samuel Langhorne Clemens. Како автор на многу романи, кратки приказни и есеи, тој ја заслужува титулата „татко на американската литература“, со тоа што позади себе има оставено бројни интелигентни, досетливи и сатирични цитати од кои денес ги издвојуваме оние кои се однесуваат на животот. Сместени како совети за живеење до максимум, Твен Ви порачува неколку работи…

1. Одобрете се себеси.
„Еден човек не може да се чувствува удобно без своја сопствена согласност.“

Ако не се одобрите себеси, порачува Марк Твен – Вашето однесување и Вашите дела најверојатно ќе Ве придружуваат со непријатно чувство, дури и во секојдневието. Додека пак, ако се потврдите себеси со доза самодоверба, тогаш ќе имате тенденција да се опуштите и да добиете внатрешна слобода за да сторите повеќе од што сте замислиле. Не барајте одобрување од другите. Внатрешната бариера нека Ви биде единствениот проблем кој ќе го решите во најкус можен рок.

2. Вашите ограничувања се најчесто во Вашиот ум.
„Годините се прашање на умот, а не на важноста. Ако не Ви пречи, тогаш не е важно.“

Толку многу ограничувања се претежно застапени во Вашиот ум: најчесто, самите се доведуваме до една умствена состојба дека другите мислат дека сме премногу високи/ниски, премногу млади/стари или пак некомпетентни, лицемерни или глупави. Но, овие работи се важни се’ додека мислите дека се важни. Затоа што сте самосвесни и загрижени за она што луѓето би можеле да си го помислат. Додека од друга страна, не Ви пречи – тогаш имате тенденција да се ослободите од било какви омаловажувачки мисли. Не дозволувате потенцијалните лоши реакции да Ве обесхрабрат и така ги надминувате ограничувањата, упатува авторот.

3. Дозволете си забава.
„Хуморот е најголемиот благослов на човештвото.“

Или пак, „против напад на смеа, никој не може да издржи.“ Господинот Твен има право – хуморот и смеата се неверојатни алатки. Тие може да ја трансормираат било која сериозна и тешка ситуација до момент на опуштање и среќа. Тие може да ги олеснат непријатностите и да ги унапредат среќните моменти. Доброто расположение е клучно за успех: сетете се колку е поприфатливо да работите во позитивна атмосфера и да се чувствувате убаво поради тоа!

4. Пуштете ја лутината.
„Лутината е киселина која што може да направи повеќе штета на садот во која се чува, отколку доколку се истури врз нешто.“

Гневот повеќе од често е прилично бесмислен. Тој може да предизвика работите да излезат од контрола, смета Твен. Од себична перспектива, вели тој, тој е поштетен за лицето кое се лути, отколку за лицето на кое се лути. Во моментите кога чувствувате лутина, дозволете си разговор – подобро квалитетен конфликт отколку несакано недоразбирање, зарем не?

5. Ослободете се од преголеми права.
„Не одете наоколу велејќи дека светот Ви должи нешто. Светот не Ви должи ништо. Светот си беше тука уште пред Вие да дојдете.“

Кога сте млади, Вашите родители Ви ги исполнуваат речиси сите желби. Како што стареете, можеби ќе се стекнете со некои права. Може да почувствувате дека светот треба да Ви го даде она што заслужувате, но овој автор смета дека не треба да имате став дека светот Ви е должен да Ви ги исполни соништата. Таквиот став може да пушти корен погоден за гнев и фрустрации. Колку побрзо сфатите дека самиот сте креатор и реализатор на Вашите шанси и планови, толку подобро.

6. Ако правите нешто поинаку од другите, спремете се за реакции.
„Едно лице со нова идеја е чудак се’ додека идејата не успее.“

Твен има право: според него, ова е клучно за себе-мотивација и себе-подобрување. Ако започнете со идеја да го менувате светот, бидете подготвени за различни реакции. Некој ќе Ви се радува, некој ќе биде рамнодушен додека некој ќе Ви суди. Или пак ќе биде збунет.

7. Задржете го Вашето внимание на она што навистина го сакате.
„Повлечете ги Вашите мисли подалеку од Вашите маки… позади ушите, под петиците, на било кое место од кое полесно ќе ракувате со нив.“

Она нешто на кое ќе се фокусирате во голема мера зависи од Вашиот интерес за мислењето на околината. Или факторите во Вашето секојдневие. Но, сетете се дека се’ е прашање на избор – и прашање на навика! Твен вели дека со поставување на интересот, се поставува и контролата.

8. Не фокусирајте се премногу на тоа да бидете најдобри.
„Најдобар начин да се расположите е да расположите некој друг.“

Делумно контрадикторен совет, но доста практичен – порачува овој великан. Да помогнете на друг не само што е етички и пожелно, туку е крајно позитивно за Вас самите: обично меѓу луѓето важи правилото за реципроцитет, па очекувајте дека ќе Ви вратат со добро расположение или услуга подоцна. Ваквите позитивни чувства се заразни и имаат тенденција да се развиваат како спирала на пријателство.

9. Правете што сакате да правите.
„Дваесет години од сега ќе бидете разочарани поради работите што не сте ги направиле, за разлика од оние што сте ги направиле. Па, ослободете се од стравот. Испловете од безбедното пристаниште. Фатете ветар во Вашите едра. Истражувајте. Сонувајте. Откријте.“

Прекрасна понуда, зарем не г-дине Твен? Навистина треба да ја прифатите. Или барем да ја запишете во Вашите потсетници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVans & Liberty of London | Патики за оваа есен
Следна објаваНаправи сам | Едноставен букмаркер
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР