2Монохроматската игра со црната и белата боја, по некое непишано правило ја следат предрасуди дека е монотона, премногу стерилна или, пак, студена и атипична за да биде омилената варијанта при изборот на тонови за уредување на домот. Но, овој инспиративен стан со својот дизајн, вешто и со многу стил ги урива таквите стереотипи. Црно-белата шема е секогаш ,,ин’’, а во станбениот простор внесува доза на елеганција и драматична софистицираност, одличен избор е како за класичните ентериери, така и за оние со помодерен, па дури и авангарден дизајн. Се’ e до деталите и начинот на кој ќе се искомпонираат, зависно од преференциите и стилот на уредувањето на ентериерот. Во овој случај, станува збор за урбано станбено издание во Шведска, со површина од 83 м2, кое освојува со деликатната комбинација на црната и белата боја, присутна буквално во секој простор. Ентериерот е уреден во скандинавски стил, со минималистички пристап, а сепак делува раскошно, кокетно и префинето. Акцентот е ставен на удобноста и смирениот изглед, со продор на многу природна светлина и топло пријатно чувство од подот со дрвени допири. Деталите пак, ги сочинуваат фини детали со сјајна сребрена и златна нота, совршено вклопувајќи се во црно-белата хармонија на остатокот од опкружувањето.

1

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСакам (но, не сакам) – Кара Локвуд
Следна објаваПрестапници од книгите | Вanned Books Week
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ