Еден фустан треба да биде доволно тесен за да покаже дека сте жена и доволно широк, за да покаже дека сте дама.

– Edith Head

Начинот на кој се облекувате за свечени приеми Ве дефинира кои сте и како другите Ве перцепираат. Соодветната облека може да помогне во зајкнување на Вашиот статус и дефинирање на Вашиот карактер. Во однос на Вашите појавувања на посвечени настани, од типот на церемонии, манифестации па дури и класичните венчавки доста важно е дали ќе се претставите како дама во вистинска смисла на зборот. Black tie видот на фустан е изјава на моќ и софистицираност и често се поврзува со дипломатски ориентирани односи.

Облечете се раскошно и сите ќе го запаметат фустанот.
Облечете се беспрекорно и сите ќе ја запаметат дамата.

– Coco Chanel

За нијанса помалку строго дефинирани отколку правилата за мажите: имено, линијата помеѓу полу-формални и формални фустани стана толку нејасна, со што станува се’ поприфатливо да се прифатат обичаите на домаќинот на приемот и врз основа на тоа да се облече соодветен фустан. Повеќето добри домаќини вклучуваат елементи во врска со дрес-кодот на самите покани за своите свечени приеми. Тие генерално ги потсетуваат гостите за природата на настанот и претежно оваа информација одлучува за финалниот изглед на дамата. Изборот на фустан, накит, шапка, ракавици и чанта не смее да ги надмине границите на добриот вкус, едноставноста и елеганцијата – затоа што, како што се вели во модниот свет… less is more. Следните примери ја отсликуваат вистинската смисла на зборот дама, затекнати во политичкиот свет на модата, каде најчесто се укажуваат свечени прилики.

1

Jackie Kennedy Onassis

– Прва дама на САД. Една од највлијателните икони на стилот на своето време. Како вистински параметар за изгледот на една Прва дама, Џеки О важи за вистинско отелотворување на фамозниот Одри Хепберн стил: мал црн фустан, кок и бисери околу вратот.

2

Margaret Thatcher

– Премиер на Велика Британија. Со моќта на машкото одело, со едноставните кошули, обетките и огрлиците во облик на бисери Маргарет Тачер се прослави како Челичната лејди, по изглед и карактер. Со селективна преференција на сината боја и фризура издржана цел животен век станува заштитен знак на британската политичка историја.

3

Laura Chinchila

– Претседател на Костарика. Првата жена претседател на Костарика е социјал-конзервативец и прогресивна помодарка. Иако таа е во претседателската фотелја само 3 години, таа веќе експериментираше со широк спектар на бои на сакоа и е често фотографирана како носи скапоцени камења во аквамарин тонови. Нејзината фризура е нејзиниот адут против стареењето – тренд кој го прифатија повеќето жени во политиката.

4

Cristina Fernandez

– Претседател на Аргентина. Себеси се гледа како втора Евита во Аргентина – започнува како Прва дама, а по смртта на сопругот е избрана за претседателка. Со класични кроеви и смирени бои, важи за стилска икона со своите 60 години.

5

Кралицата Rania

– Кралица на Јордан. Поранешен професионалец во областа на техниката, кралицата Rania има работено во Apple пред да биде крунисана. Позната по нејзината совршено сошиена, модерна прегратка на познатите дизајнери, меѓу кои и нејзиниот омилен Elie Saab; секогаш достоинствено прекрасна со неверојатна коса која дополнително го краси нејзиниот изглед.

6

Императорката Mitchiko

– Императорка на Јапонија. Официјална Прва дама на Јапонија, позната по нејзиниот стилски елан составен од модуларни шешири кои одговараат на нејзината монархиска мода. Таа беше првата обична девојка чиешто остварување за брак со кралското семејство се оствари во 1959 година.

7

Sheikha Mozah

– Сопруга на шеикот од Катар. Кралското богатство на Катар ја осипува оваа модна хероина на модерното време како ветеран на Меѓународната листа на најдобро облечени жени на светот. Особено своја со маркантни турбани и очила за сонце, секогаш настапува со добитна модна комбинација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Крвотокот на Градот на светлината
Следна објаваГостување на Мартин Робертс | Осми Моден Викенд Скопје
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР