„Цивилизираните луѓе, верувам, треба да ги задоволуваат следниве критериуми:

1. Да ги почитуваат човечките сушстества како поединци и затоа секогаш мора да се толерантни, љубезни и културни… Да не создаваат сцени при изгубен паричник, да не придонесуваат за чувство на товар и да не прават скандал доколку си заминуваат.
2. Да имаат сочувство за другите луѓе. За бездомниците и мачките на улица – нивните срца страдаат од болка, а истото е невидливо со голо око.
3. Да ја почитуваат сопственоста на другите луѓе и навремено да ги подмируваат своите долгови.
4. Да не бидат дволични, да се плашат од лагата како што се плашат од огнот. Да не кажуваат лаги во секојдневните ситуации, да не лажат по потреба затоа што ликот на лажливецот се намалува во туѓото око. Цивилизираните луѓе се однесуваат исто и дома и надвор, тие не прават добро само да за ги импресионираат своите деца.
5. Да не бидат самонаметливи за да ги освојат симпатиите на другите. Тие не играат на емотивна карта и не се претставуваат дека се она што не се.
6. Да не го трошат времето залудно. Да не губат време на популарност и да не се трудат да стигнат до печатот… вистинскиот талент стои во сенка, се меша во топлата, го избегнува центарот на вниманието. Како што Крилов вели – „празниот пиштол прави повеќе бучава од полниот“.
7. Ако поседуваат талент, тие го ценат. Се гордеат со својата вредност и знаат дека имаат општествена одговорност да го поделат талентот со другите со тоа што ќе извршат цивилизациско влијание. И тие се префинети во нивните навики.
8. Да работат на развивање на нивниот естетски сензибилитет. Цивилизираните луѓе не го следат својот инстинкт – напротив, нивните дела се производ на целосна студија…

И така натаму. Ова ги дефинира цивилизираните луѓе… добри книги, читање и учење не е доволно за да станете вистински цивилизиран човек без да потонете под дното на Вашата околина.“

~ Писмата до Николај Чехов, март 1886
– Антон Чехов „Живот во писма“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Сенките од темнината
Следна објаваЛиста на (не)прочитани книги
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР