The Favela Painting Project започнал во 2005та година кога холандските артисти познати како Haas&Hahn снимале видео за хип хоп културата во Рио де Женеиро. Фасцинирани од креативноста и оптимизмот на жителите, ја добиле идејата за создавање на јавни уметнички дела во сиромашните квартови (фавели), вклучувајќи ги локалните жители и испраќајќи позитивна порака. По неколкуте успешни проекти, шарените фасади добија светска слава, ставајќи го Рио на листата на „10 најшарени градови на светот“. Уметниците добија и покана од Philadelphia Mural Arts Program во Филаделфија и исцртаа и цел кварт, а држат и предавања насекаде, учејќи и барајќи нови локации за следните проекти и собирајќи средства повторно да се вратат во Рио де Женеиро.

Низ годините оваа, најпрвин обична, идеја прерасна во голема организација чија цел е мобилизација на луѓето да ги трансформираат своите заедници во општествени уметнички дела од монументална големина, да ја разубават и инспирираат, борејќи се против предрасудите, привлекувајќи позитивно внимание и нудејќи можност за симулирање на економијата. Со малку боја до голема промена!

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТранспарентни букви | Ricard Mollon
Следна објаваНајкреативните улични дела
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР