Дали Ви се случило да дознаете дека Вашиот избраник/Вашата избраничка важи за страствен читател уште пред првиот состанок? Тогаш Вие сте вистински среќници – следниве совети ќе Ви помогнат за воспоставување квалитетен однос, прекрасно поминато време и надеж за врска која се среќава само во книгите:

.1.

Поставувајте прашања.
Секогаш имајте прашања – за книгите кои ги прочитале, за нивниот омилен жанр. Прашувајте за се’ што можете. Тие ги обожаваат овие моменти, тие се внесуваат во раскажувањето и уживаат кога Ви објаснуваат зошто тоа така се случило, како дошло до заплетот и поради кои причини книгата/авторот се запишале во историјата.

Разберете ги нивните тајни.
Читателите умеат да бидат таинствени, од едноставна причина што не сакаат да го уништат моментот. Тие чувствуваат дека секое едно нешто во животот има сопствено време и сопствено место – Вие мора да го разберете тоа, бидејќи ако не успеете, тогаш ќе се соочите со брод кој потонал уште пред да заплови.

Имајте на ум која им е омилена книга.
Во случај да не можат да се одлучат за една, тогаш запаметете им ја листата на омилени книги. Тие секогаш ќе се навраќаат на неа/нив за да се дообјаснат себеси, зошто истата/истите најдобро ги опишуваат.

Купувајте книги.
За Вашата посилна/понежна половина, па дури и за Вас самите. За секој празник или специјална пригода, а понекогаш и без причина. Тие уживаат да читаат, додека Вие уживате да им угодувате. Нели? Немојте да прашувате која книга ја бараат, туку обидете сами да откриете.

Слушајте ги.
Ова е најдобар совет од листава, затоа што ако не го слушате Вашиот читател/Вашата читателка, тогаш никогаш нема да ги разберете. Умот на еден читател е многу комплексен бидејќи тие размислуваат на повеќе нивоа, во повеќе времиња, од повеќе агли.

Прифатете ги.
Прифатете дека некогаш ќе изберат да читаат наместо да излезат со Вас. Тие може да Ве игнорираат кога ќе ги однесете во книжарница. Но на крајот од денот, ќе Ве препознаат во љубовната приказна која ја читаат.

Не бидете премногу едноставни.
Мора да сфатите дека нивната имагинација ја надминува Вашата. Или направете нешто вонсериско или одете си дома.

Читајте.
Ах, не мора да читате колку што тие читаат, но секогаш кога ќе имате прилика, дозволете си книга. Убаво е од време на време да имате заедничка тема на разговор која ќе ги израдува длабоко. Побарајте да читате по нивна препорака. Ќе им внесете светлина во денот.

Сакајте ги.
Во суштина, ова е најважното нешто што треба да го направите. Тие знаат дека сте несовршени, и Вие знаете за нивната несовршеност. Сакајте ги нивните маани, пронајдете ја сопствената совршеност. Величајте ја љубовта која што допрва треба да се открие. Направете да го вреднуваат времето со Вас, додека се одвоени од нивните книги!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОдраз на фантазијата | Kylli Sparre
Следна објаваЖените во паралелен универзум…
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР