TUTZE Store е концептуална продавница лоцирана во малото холандско гратче Harderwijk. Во неа може да се најде се’ од продукти за животниот стил, почнувајќи од аксесоари за домот, мебел и текстил, па до се’ до модни парчиња, подароци и производи за нега и убавина. Сепак, она со што освојува оваа инвентивна холандска продавница, не е богатата понуда на артикли, туку начинот на кој се изложени и амбиентот во кој ги дочекува своите купувачи. Извонредно е стилизирана во внатрешноста, со ентериер кој е неодоливо убаво и инспиративно издание во бела боја, во кое буквално со  секој поглед се откриваат нови изненадувања. Со минималистичкиот дизајн и белата инспирација препознатливи за скандинавскиот стил, постигнат е исклучително атрактивен визуелен ефект во просторот. Сите ѕидови, плафонот и подот се бојадисани во бела боја, и заедно со остатокот од мебелот во бел тон креираат совршено опкружување, во кое целосно и во полн сјај доаѓаат до израз црните акценти и фините дрвени допири на производите и остатокот симпатични детали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни портрети | Andrew Salgado
Следна објаваФото на денот | Car Sweet Home
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР