Нежен, софистициран и романтичен, со префинета дамска нота, цветни мотиви и традиционален класичен стил во уредувањето – вака изгледа домот на Lillian August, американската дизајнерка на ентериер, мебел и текстил. Куќата е лоцирана во Северна Каролина, и е класична стара градба со бојадисани цигли, симетричен изглед и многу големи прозорци кои се во функција да обезбедат природна светлина за секоја просторија во внатрешноста. Ентериерот, пак, за чие комплетно уредување е одговорна самата дизајнерка, е светол, сјаен и свеж, со доминација на суптилните пастелни нијанси во просторот. Боите на ѕидовите и деталите се комбинација во беж, зелени корални, розови и сини тонови, со фасцинација од пругастиот дезен и флоралните мотиви. Пријатната атмосфера во домот, и по малку носталгичното чувство, во голема мера се должи на деликатниот избор на деталите, кои се извонредно убав спој на мноштво традиционални елементи, антиквитети, винтиџ парчиња мебел, топли дрвени допири, тапети со англиски ретро шарм и цветни акценти во секое катче. Се’ e вклопено во една хармоична целина со елегантен класичен дизајн, кој воодушевува со лежерноста, чистината и суптилниот женствен амбиент. Љубовта кон цвеќињата продолжува и надвор, во кокетната расцутена градина со многу зеленило, каде во интимно опкружување е сместено идилично катче за седење и уживање во пријатните мигови. Инспиративен дизајнерски дом кој блеска со својата сензуалност и убавина…

16

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

18

19

20

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEmma Watson за Green Carpet Challenge
Следна објаваДНК полица | Cattelan Italia
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР