Volkswagen  го претстави новиот концепт на новата генерација на SUV модели.

Volkswagen Cross Coupe е подолг од Golf, а помал од Tiguan, новиот модел ќе биде трет по ред SUV модел од Volkswagen. Автомобилот има надворешна димензија 4.345 x 1.868 x 1.523 mm и големо меѓуосовинско растојание од 2.630 mm.  Volkswagen Cross Coupe е опремено со хибриден погон на сите четири тркала. Предните тркала ги покренува бензиски мотор TSI (110 kW, 210 Nm) и електромотор (40 kW, 180 Nm). Обата агрегати се движат со седмостепен DSG менувач, а задните тркала ги покренува друг електроморот со сила од 85 kW и максимален обртен момент од 270 Nm. Volkswagen истакнува дека автомобилот е способен на чиста електрична енергија да пројде 45 km, а комбинираната потрошувачка е 2,7 l/100 km. Автомобилот до 100 km/h забрзува за 7 секунди, а максималната брзина е 201 km/h.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР