11Со површина од 49 метри квадратни, овој инспиративно уреден стан е одлична оригинална визија за компактно и функционално уреден стан, без претерана претенциозност, а со исклучително елегантна урбана димензија присутна во ентериерот. Се наоѓа во Стокхолм, Шведска, и со рационалниот начин на кој е искористена и адаптирана квадратурата, овозможен е максимален комотитет за самостоен живот, но сосема доволен би бил и да ги задоволи потребите за живот во двојка. Опремен е со комфорна дневна соба со трпезарија, екипирана кујна, спална соба и два тоалета, а тука е и вградениот орман во кој може да се чекори, како решение за еден од ѕидовите во дневната, суптилно издвоен со бела драперија. Применети се паметни решенија за складирање, со позиционирањето на големи ормани, а просторот е уреден со минималистички приод – карактеристичен за скандинавскиот стил. Бел во својата основа, но разигран е со детали во темно виолетови, тегет и кафени тонови, како и акценти во црна боја, која се издвојува како втора доминантна во овој модерен ентериер. Играта со темните бои во белиот ентериер му дава доза на елеганција, креирајќи софистициран и префинет стилизиран изглед, во кој е нагласена урбаната нота и фасцинацијата од уметноста. Воочлива е во изборот на ѕиден тапет со дезен на винтиџ библиотека, перниците со сликарски мотиви и ѕидниот декор сочинет од црно-бели репродукции. Акцентираниот ѕид со тапет е особено убав детал, со кокетен визуелен ефект во просторот.

1

12

14

13

8

7

2

6

5

9

10

15

03

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЅвезда неродена, а зачната
Следна објаваЛетачка книга | Embraer авио-компанија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ