Со опојниот мирис на лаванда кој неодоливо се шири низ далечината, Прованса е магично место на југот од Франција, пред чија божествена убавина не би останале рамнодушни дури ни најнепокорните светски патници. А во срцето на Прованса, со фасцинантни погледи кон пејзажите  на бескрајните пурпурни полиња, се наоѓа Le Mas de la Rose, мини верзија на се’ она што оваа француска идила има да го понуди. Со изглед поавтентичен дури и од самата природа, оваа древна градба од 17-тиот век претворена е во ексклузивна и софистицирана резиденција, која топло ги дочекува гостите и ги кани да им ги открие малите тајни на уметноста на животот. Во архаичниот амбиент во кој живее минатото, воздишки мамат мноштвото романтични детали и прекрасниот елегантен декор со кој е украсена, а меѓу старите орнаментални камени ѕидови сокриени се безброј изненадувања кои ја оживуваат фантазијата и будат мечтите. Надвор пак, во тивко и спокојно опкружување, шармираат со својата убавина цветните тераси, паркот со огромен базен и француската кујна на гурманскиот ресторан Potager du Mas. Уживајте во глетките и почувствувајте ја магијата на Прованса.

1

2

3

4

5

6

6a

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | До крајот на животот
Следна објаваСамураи кујнски ножеви
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ