000

Прекрасно уредена, со огромно внимание посветено на деталите, и по малку волшебна атмосфера која се разнесува низ целиот ентериер, а продолжува на живописната градина. Вака би звучел описот на инспиративниот летен дом на Lorenzo Meazza, еден од челните луѓе на шведскиот бренд IKEA. Се наоѓа во Шведска, со архаична конструкција од 18-тиот век, а опкружена е со идилични глетки на околната шума и езерце. Со многу љубов и внимание го има осмислено и уредено секое катче, давајќи му исклучително убав и романтичен изглед на ентериерот, каде заедно ќе уживаат тој и неговото семејство во пријатен и топол семеен амбиент. Задржана е автентичноста на градбата, која е само освежена при реконструкцијата, а најголемата интервенција во внатрешноста е постигната со декоративните финеси во скандинавски стил. Изборот на белата и беж бојата, во комбинација со бледо зелените и сини тонови, му дава светла и свежа визија на ова комфорно здание, исполнето со голема количина на позитивна енергија. Тапетите се издвојуваат како впечатлив визуелен детал кој ги акцентира ѕидовите, но и нивниот дизајн се придржува до скандинавската инспирација, со избор на пастелни нијанси и дезени со нежна нота. Декорот го сочинуваат мноштво сензуални украси, цветни детали и дрвени допири, со рустичен и ретро шарм, совршено вклопувајќи се во деликатното опкружување. Големо внимание е посветено и на детските катчиња, кои се толку игриви и недоливи, што се како пресликани од некоја сказна.  Вистински дом од мечтите, зар не?

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

024

025

026

НЕМА КОМЕНТАРИ