1Велат кога се сака се’ се може, а овој симпатичен уникатен дом со својата стилизираност дефинитивно го потврдува тоа. Leanne Ford Shaffer и Brad Shaffer се креативна двојка дизајнери, кои по венчавката во 2010-та година, барајќи идеално место во кое ќе го отпочнат заедничкиот живот, наишле на мошне оригинална идеја. Се одлучиле тоа да биде стара училишна барака близу Питсбург, Пенсилванија, конструирана во 1907-та година, и три години посветено и со многу љубов работеле на нејзиното преуредување. Резултатот е прекрасно уреден дом, кој целосно ги исполнува нивните желби, и во кој, три години подоцна, денес се’ уште уживаат во медениот месец. Младиот пар се одлучил за економични, но извонредно убави и рационални решенија за ентериерот, збогатувајќи го со мноштво направи-сам детали кои му даваат личен печат на просторот. За првобитната намена на градбата, денес единствено сведочи декоративно поставената табла, која со својот ретро шарм е одличен винтиџ украс кој само го наговестува нејзиното минато. Урбан семеен дом, со ентериер во кој доминираат еклектичкиот стил и белата боја, а секое катче е релаксирано, пријатно и кокетно уредено. Лежерно дизајниран, со микс на стари и нови парчиња мебел, светол амбиент и топлина постигната со дрвените допири, и декор кој носталгично навраќа со ретро убавината.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајслатката кампања за очила
Следна објаваПовторен почеток | Здраво, септември!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ