1

Љубовта кон цвеќињата и суптилниот женски допир во уредувањето се сензуалниот спој кој му дава романтична дамска нота на овој нежен ентериер.  Декоратерката и стилистка Gaby Conde ги обожува цвеќињата, особено розите и лалињата, па нејзиното место за живеење е исполнето со цветни мотиви и аранжмани со свежо цвеќе, во таа кои ужива постојано и насекаде во домот. Истовремено,  како избор на бои за ѕидовите и мебелот се вдахнати тонови од цветната палета, при што зелената и розовите нијанси доминираат во просторот,  а надополнети се со бели и светли пастелни тонови, исполнувајќи го со многу свежина и релаксиран амбиент. Тапетите со цветен дезен, уникатните парчиња со личен печат од дизајнерката и многубројните романтични украси и детали се вклопени во неверојатно убава целина. Во просторот е присутна и топлата рустична нитка, со дрвените детали и традиционалните декоративни финеси кои му даваат посебна магија на станот. Омилено место во домот и е катчето крај прозорците, каде се позиционирани интересни решенија за одмор и пријатни мигови во светлината која доаѓа однадвор. Многубројните инспиративни идеи за префинет дамски декор ја прославуваат женственоста на деликатен начин, во светло и по малку поетично издание. Ѕирнете во романтичното женско царство и пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот животен простор.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Back to school уникатен прибор
Следна објаваПриказната за Deathigner
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР