1Шарен, разигран, динамичен и ведар, овој ентериер со својот колоритен дизајн умее да ја пренесе радоста на живеењето, а амбиентот е облагороден со голема количина на позитивна енергија. Сместен е во стара зграда во шпанската престолнина, во простор со високи плафони, дрвен под и големи прозорци низ кои продира мноштво природна светлина. Белата боја ја сочинува основата на ѕидовите, одлично нагласувајќи ги многубројните колоритни акценти на деталите. А, нив ги има насекаде и во големи количини, секој со различен тон и приказна за својата намена, при што голем дел од нив се внимателно одбрани сувенири од патувањата на сопственичката. Доколку се набљудува како целина, станот е интересн микс на традиционалниот и модерниот дизајн, обединувајќи ги овие два изгледа во несекојдневно шарено пакување. Секој детал, почнувајќи од вратата во изразена виолетова боја, па се’ до фрижидерот во розова нијанса, или пак столчињата во интензивни жолти, сини и црвени тонови, се истакнува сам по себе, но заедно со остатокот украси креираат стилизирана колоритна целина. Ваквото шаренило е смирено со дрвените допири и белината на ѕидовите, и се’ e адаптирано да овозможи пријатен удобен живот. Колоритната тема е пресликана и на малиот балкон, со лежерен амбиент и декоративно зеленило. Прекрасен бохо стан во кој се ужива во убавината на животот, во сите негови бои.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВреме е за плачење | Marina Abramovic
Следна објаваВелосипед во движење | Massimiliano Sarno
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ