Обично се вели дека убавите нешта, претежно одат во пар. За тоа ќе посведочат Linda and John Meyers, познати како Wary Meyers – дизајн дуото од Портланд, кој ја создаде оваа книжевна инсталација која во потполност го оправдува своето име: Twisted Tales. Она што оваа креативно-брачна двојка го осмислува и создава е специфичен проект за реновираните канцеларии на VIA Advertising Agency, кои моментално се сместени на просторот на поранешната јавна библиотека во Портланд (која имено постоела од почетокот на XIX век, па се до 60тите години на минатиот век). Можеби делува жално што оваа уметност е родена од извртените исечени книги кои подоцна стануваат ѕидна декорација, но тие велат дека „така се оддава почит на предходната намена на просторот, како и убавината на книгите. Некои од книгите беа донирани од старата библиотека, како автентичен доказ за постоењето.“.

Описот на проектот практично го цитира Шекспир: „shuffling off this mortal coil“ кој се чини дека предизвика вистинска инспирација за овој книжевно-вајарски подвиг. Јасно е дека еден магичен квалитет на парче од кое одекнува шарм и способност да раскаже приказна без да биде отворено ги маѓепсува посетителите во визуелизација на натприродна сцена. Барем така велат авторите на ова дело – полицата се чини дека лебди во воздух, буквално како да е фрлена магија врз истата. За тоа, несомнено ќе се согласиме.

1

2

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГигантска бајка | Tomorrowland Festival
Следна објава„Облека“ за мафини
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР