Знаеме дека книгата не се суди по корицата, но кој читател не бил прочитан како отворена книга на вкусови додека држи наслов во своите раце? Ако тргнеме малку подлабоко, всушност, повеќе површински и зборуваме за она што може да Ве издаде како читател… блогот на B&N истражува и Ви кажува каков тип на читател сте, базирано на Вашиот избор на букмаркер…

1

  • Обична спојувалка. Често правите контакт со очите на странци, преку целиот простор и преку полиците во библиотеката. Имате тенденција да уживате во мистериозни мотиви или да оставите фотографии низ страниците на користените книги кои ќе ги вратите на полица.
  • Визит-картичка. Ви се допаѓа да се потсетувате на обврските додека читате? Контакт-информации на некој кој сакате да го вметнете во приказната? Неважно, се’ додека никој не Ви го одзема вниманието освен картичката.
  • Впечатлив цвет за коса. Имате некој во Вашиот живот што Ве сака, а не Ве познава вистински. Дали е тоа родител, Вашата баба или дарежлив соработник кои успеале да забележат дека Вашиот нос многу често е заглавен во книгите, па не обрнувате внимание со што ги сепарите прочитаните од непрочитаните страници.
  • Потсетник од брендирана книжарница. Дали важите за колекционер на убави нешта? Сакате да го потрошите времето за одмор на убава дестинација каде што ќе ги истражите сите книжарници и ќе понесете најубави спомени дома? Кои патем, ќе Ви го греат срцето секогаш штом земете книга в рака.
  • Помалечка книга. Книга во книга е дефиниција за безусловните читатели кои не бираат место и време. На улица, во тоалет, во кафуле или на пауза. Ако заборавите да понесете книга… започнете со регистарските таблички или билбордите.
  • Случајно парче хартија. Вие сте слободоумен читател кој не трпи снобови. Купон од распродажба, етикета од маичка или плик од сметки… не е важно, се’ додека имате нешто за да означите до каде сте со приказната.
  • Стилизиран букмарк. Специјално изработен со убава порака… за убави чувства и супериорност. И замислете, по еден од нив во скоја книга! Не заборавајте и кога купувате книга како подарок, да вметнете парче уметност во истата.
  • Интересна форма на букмарк. Се сеќавате на чифтот чевли? Или на „помош, се заглавив меѓу страниците“? Во секој случај, личноста која избира интересни мотиви и форми на букмаркер важи за креативен карактер кој сака да се издвојува од останатите. Ако сите го читаат Коејло, Вие ќе го изберете Дитас. Онака, од инат.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваПесна за чистачот на градските излози
Следна објаваSupreme | есенска колекција капи
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР