Непишано правило е дека се’ полесно фукнционира доколку е придружено со музика – доколку не можете да се синхронизирате со вкусот на Вашата омилена музичка ѕвезда, тогаш обидете се да истражите за што говорат нивните песни… каков што е случајот со David Bowie и неговите преференции кон Џорџ Орвел (откриени преку „Big Brother“). Секогаш е забавно да забележите парче од литературата во дел од секојдневието, па денес поставуваме предизвик да ги најдеме книжевните мотиви во музиката.

1

  • The Cure – „Killing an Arab“, базирана на „Странецот“ од Албер Ками;
  • “Wuthering Heights” – Kate Bush, каде очигледно дека идејата е позајмена од Бронте;
  • Police – “Don’t Stand So Close to Me”, инспирирана од „Лолита“ и укажува на Набоков;
  • The Rolling Stones – “Sympathy for the Devil” која се препишува на Михаил Болгоков и „Мајсторот и Маргарита„;
  • The Police – „Every Breath You Take“ е посветена на „1984“ на Орвел;
  • „No Spill Blood“ на Oingo Boingo, е всушност „Животинска фарма“ исто така, со потпис од Орвел;
  • „Close to the Edge“ интерпретирана од страна на Yes се однесува на Хесе и неговата „Сидатра“;
  • „Coma“ – Pendulum е инспирација од Хаксли и „Храбар нов свет“;
  • „If you want to Hear About it“ – го цитира завршетокот на „Игра во р’жта“ на Салинџер;
  • „Every Day is Exactly the Same“ – NIN, ја обработува повторно „1984“ од Џорџ Орвел;
  • “White Rabbit” – Jefferson Airplane е дефакто „Алиса во Земјата на чудата“- Левис Карол;
  • “Ramble On” – Led Zeppelin со инспирација од Хобитите на Толкин;
  • “Scentless Apprentice” – Nirvana каде мотивот е пронајден во ладнокрвниот гениј-протагонист од „Парфем“, со потпис на Патрик Зускинд;
  • и многу, многу други кои очекуваме да ги споделите со DA во коментар!
СПОДЕЛИ
Претходна објаваЊујорк – некогаш и сега
Следна објаваФото на денот | Љубовта не може да се скрие
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР