Советите кои следат се дел од говорот што Бил Гејтс го одржал пред ученици и студенти. Некои велат дека овие мудри правила не ги измислил тој, туку го цитирал Чарлс Сајкс. Како и да е, тоа се совети кои учениците нема да ги слушнат во училиште, а се значајни за секој човек.

1. Животот е неправеден – навикни се на тоа!

2. Светот и луѓето во него не ги интересира твоето самопочитување. Тие ќе очекуваат од тебе да постигнеш нешто, пред да се почувствуваш подобро!

3. Нема да добиваш плата од 40 000 долари штом завршиш училиште или колеџ! Нема да бидеш заменик директор со службени автомобили и телефони се додека не си ги заслужиш!

4. Ако мислиш дека твојот учител е премногу строг, почекај додека го запознаеш твојот шеф! Тој не е таму случајно и местото му зависи од тоа како ти си ја вршиш работата!

5. Правење хамбургери не е под твоето достоинство! Твоите предци имале различен збор за тоа – го нарекувале можност!

6. Ако ги мешаш работите, не се виновни твоите родители! Затоа не ги обвинувај за своите грешки, туку учи од нив!

7. Пред да се родиш, твоите родители не биле оние здодевни луѓе какви што се сега. Тие станале такви додека ги плаќале твоите сметки, ги чистеле твоите алишта и ги слушале приказните за тоа колку ти си модерен! Затоа, пред да почнеш да спасуваш дождовни шуми од паразитите од генерацијата на твоите родители, за почеток пробај да го средиш гардероберот во својата соба!

8. Во училиште може и да немало поделба на победници и губитници, но во животот постои таква поделба! Повторување година, паѓање испит: повторно имаш можност за да го напишеш вистинскиот одговор. Тоа не постои во реалниот живот!

9. Животот не е поделен на семестри. Нема летни одмори и многу малку од твоите работодавци ќе бидат заинтересирани да ти помогнат да се откриеш себе. Ќе треба да го правиш тоа во твоето слободно време!

10. Телевизијата НЕ го одразува вистинскиот живот! Во реалноста, луѓето всушност треба да излезат од дома за да одат на работа!

11. Биди фин со најчудните и бубалиците во училиште. Многу е веројатно некој од нив да биде твој шеф во иднина!

За крај: „Не е твоја вина ако се родиш сиромашен, твоја вина е ако умреш така!“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако се прави бебе | Patrice Laroche & Sandra Denis
Следна објаваМодерен поп-арт стан
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР