007

Сместена е на ,,брегот на сонцето’’, со  мноштво природна светлина и топол амбиент на југот во текот на целата година, па затоа е идеален дом за одмор на нејзините сопственици, независно од годишното време. Ентериерот е разигран со еклектички декорации и разновидност од бои и шари. Некаде се со помал, некаде со поголем интензитет на тоновите, во зависност од функционалната намена на просторот. Воочлива е фасцинацијата од сината боја, во сите нејзини нијанси, и присутна е речиси насекаде преку декоративните допири. Претставува нитка која стилски ги поврзува просториите, суптилно издвоени меѓу себе со сводови и прегради со завеси. Белата боја како основа на ѕидовите се покажува како одличен избор, максимално потенцирајќи ја убавината на колоритните украси и мебелот. На просторот му го дава потребното чувство на свежина, додека дрвените допири ја внесуваат рустичната нота и топлата атмосфера. Вистински предизвик е да се одреди кој е најмаркантниот дел од оваа колоритна оаза – дали е тоа нежната дневна соба со тиркизен акцент, симпатичното катче за читање крај прозорецот, убавата бела кујна, или, пак, идиличната градина со базен која кани на уживање под сончевите зраци. Едно е сигурно: насмевката не може да изостане во ниедно катче од овој прекрасен дом.

001

002

003

004

005

006

007

013

010

008

009

014

011

012

015

016

017

018

019

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлична уметност со локални луѓе | Seth Globepainter
Следна објаваФотографии без лик | Angelica Ström
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ