Велат дека љубителите на книгите никогаш не си легнуваат сами – секогаш покрај нив е нивниот омилен лик, жарн, автор. Она што е заедничко за сите припадници на овој вид, покрај љубовта кон книгите, е акцентот на нивниот избор. Понесени од таа идеја, Gandhi Bookstores од Ново Мексико настапува со креативна маркетинг-кампања каде главните ликови од три книги САМИ избираат што ќе читаат… Црвенкапа, Грегор Самса и Алиса се удобно сместени во своето катче за читање и уживаат во сопствениот книжевен избор.

Кампањата е дело на агенцијата Ogilvy & Mather од Мексико, илустрацијата е потпишана од Ricardo Salamanca, а позади објективот застанува Iván Belaustegui. Ве интересира што читаат овие ликови? Пронајдете ја Вашата книга!

1

* Црвенкапа (Црвенкапа) избра да чита „Степски волк“ – Херман Хесе

2

*Грегор Самса (Метаморфозис) ужива во „100 години самотија“ – Габриел Гарсија Маркез

3

*Алиса (Алиса во Земјата на чудата) истражува за „ЛСД“ – Тимоти Леари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVivienne Westwood | есен/зима ’13/’14
Следна објаваВраќање на вербата #1
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР