518_34_46_12__25__10_2012KrazbaАко Ви се создава уметност, на трудот никогаш му нема крај, нема мир, нема сабота, само вечна разиграна загриженост и пцовки.

Вели главниот лик во прекрасниот роман на Кери. Од двојниот добитник на награда на Комонвелт Букер, пристигнува овој роман за опсесија, измама и простување. Ненадејна и интересна, психолошки неизвесна приказна, преполнета со обврски, но смешно книжевна фикција. Мајкл Бучер, познат под името Месар Коска, е поранешен “навистина познат” сликар: своеволен, бесен, брилијантен, чија слава доживува ран самрак во матичната Австралија и се отселува да живее во оддалечената викендичка, сопственост на неговиот најголем колектор. Штотуку излезен од затвор поради кражба на сопствените слики кои по разводот припаднале на неговата бивша сопруга, Мајкл се обидува да се врати на стариот пат. Во услови на вдомен музеј на неговиот опус, тој дејствува како бејбиситер за неговиот помлад брат, Хју; физички оштетен човек кој се бори со својата детска емоционална нестабилност. Потонат во сопствената осаменост и наметната грижа за психолошки-неадекватниот брат, неговиот уметнички баланс радикално се уништува со допирот на ѕвоното во една ноќна бура од страна на фаталната и мистериозна Марлин, маркантна блондинка со вртоглави Маноло Бланик чевли. Убава, паметна и амбициозна, таа, снаа на големиот сликар Жак Лебовиц, еден од најраните влијанија на Мајкл.

Она што следува, е придвижување на еден неизвесен синџир на настани кои повлекуваат „уништи-ги-сите“ парола, од страна на Марлин. Она што Марлин го предложува, е нејзиното морално наследно право преку брак, на уметноста на нејзиниот мртов свекор, по коинцидентна околност истата таа материјализирана уметност да е мистериозно стекната во домот на Мајкл, по заслуга на Хју, кој е неотповикливо заљубен во фасцинантната жена. Приказната се сели во Сиднеј, па во Токио, па потоа и во Њујорк; за на крајот да се дознае големата измама. Чија измама? Зошто измама? И дали на крајот е важно што Мајкл ќе се заљуби во Марлин? Она што Кери императивно го поставува како заклучок е:

Како може да знаеме колку треба да се плати, ако немаме крвава идеја за вредноста на она што сакаме да го поседуваме?“…

НЕМА КОМЕНТАРИ