Се согласивме дека Холивуд го бива и за позитивни примери, ширење добра мисла и верба во човештвото. Како пример за филм кој е вреден да се погледне и да се истражи неговата позадина, Ви го препорачавме „Up“, додека нема потреба да Ви го препорачаме серијалот „Хари Потер“, само ќе Ве упатиме кон приказната за четвртото продолжение на книгата… запомнете, книгите не се само алатка за релаксација или учење, тие навистина може да направат да се чувствувате подобро!

.2.

Осум-годишната Catie Hoch страдалa од канцероген тумор на бубрезите, кој за рок од една година прераснал во невробластом. Младото девојче, подложено на повеќе операции меѓу кои и отстранување на бубрегот, надбубрежната жлезда и делови од нејзиниот црн дроб; во текот на нејзините хемотерапии и низата испитувања, веќе било јасно дека не може да се направи ништо за да се продолжи нејзиниот животни век. Единственото нешто како излез од болката биле книгите на J.K. Rowling, приказната за малиот волшебник Хари Потер, каде нејзинито семејство ѝ пишало на авторката со молба Catie да може да го прочита, тогаш необјавениот, четврти дел од приказната за Хари Потер (и Огнениот пехар). Таа им одговори на нејзините, кога девојчето имаше само неколку дена живот – Rowling ги читаше поглавјата од новиот ракопис преку телефон. Catie почина кратко по остварениот контакт, а Rowling донираше 100. 000 долари во фонд за канцерогени болести, како знак на нејзино сеќавање. „Јас, одвреме-навреме ги читам меиловите на Catie и среќа сјае од секој еден од нив. Ве молам да не ми се заблагодарувате за она што сум го направила, бидејќи ми беше неверојатна чест да ја запознаам Вашата ќерка, иако се познававме многу кратко време.“ – стои во меилот на авторката кон семејството.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии без лик | Angelica Ström
Следна објаваКлетници | Honest trailers
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР