Претежно, светот има навика да го перцепира Холивуд како бесмилосрдна машина за креирање приказни кои укажуваат на одвратноста на човечкиот род, заедно со негативните предвидувања за иднината или пак, промовирањето погрешни вредности кои масовно се прифатени. Но, неретко истиот тој Холивуд знае да изненади со срцепарателна и суштинска тема од која ќе треперите долго време откако сте го погледнале филмот… некои од нив ги избравме како мотивација, која ќе Ви ја врати вербата во животот (а со самото тоа, и во Холивуд).

.1.

Филмовите на Pixar изгледаат како да се наменети за деца, но во суштина, нивните приказни се универзални, од кои ќе Ви се затегне срцето. Пред неколку години, компанијата за анимација создаде филм како одговор на последна желба на 10 годишно девојче: Colby Curtin боледуваше од ретка форма на васкуларен рак и беше премногу болна за да појде на кино за да го погледне новиот хит „Up“, во 2009 година. Семејството на девојчето стапи во контакт со одговорните во Pixar и еден од нив пристигна во нејзиниот дом со DVD издание на филмот, иако истиот беше достапен само во кината. Colby Curtin почина неколку часа откако го погледна филмот, филмот за емоционалната врска на еден постар човек кој ги исполнува ветувањата дадени на неговата сопруга за откако таа ќе почине, тој да ги следи своите соништа. „Кога го гледав филмот, воошто немав идеја за содржината“ вели мајката на Colby, „само знам дека зборот „Up“ се однесува на горе, а се колнам дека тоа значеше дека мојата малечка треба да оди нагоре. Кон небото.“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGandhi Bookstores | Пронајдете ја Вашата книга!
Следна објаваБалет во вода | Olga Gladysheva
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР