Со впечатливиот екстериер во интензивни тонови, портокалово-жолтата фасада и тиркизните акценти на прозорците, а во опкружување кое го сочинуваат живописна градина со романтичен базен и многу зеленило, овој дом уште однадвор мами воздишки, неодоливо потсетувајќи на идилична куќа од соништата. А кога ќе се зачекори внатре, во прекрасно уредената внатрешност, сосема јасно станува дека целокупниот дизајн е за восхит, и дека ентериерот совршено го надополнува, а можеби и надминува шармот на извонредната надворешност. Исклучително топло е уредена, со пастелни светли бои, суптилни земјени тонови и свежи зелени нијанси, но и мноштво детали и романтичен декор, рустични мотиви и дрвени допири, кои се обединети во комфорна целина со несекојдневно пријатен амбиент. Традиционалниот изглед на ентериерот е инспириран од раскошната убавина на ТосканаПрованса и Андалузија, оживувајќи ја нивната  магија во секое катче од овој медитерански дом. Лоциран е во Малага, Шпанија, а претставува идеално бегство на југот за руско семејство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVintage библио-фотографии
Следна објаваДенот на љубителите на книгата
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ