Не се памети првиот ден во училиште, се паметат деновите кога сме ги остварувале своите цели поврзани со училиштето; остварени пријателства, тешко заслужени оценки, остварени успеси, па дури и глупостите како бегање од часови или глумење дека сме болни.

Не се памети првото пријателство, кое е срушено при првата кавга. Се памети вистинското, кое опстојува низ времето и околностите.

Не се памети првото излегување, се паметат излегувањата со вистинските пријатели, дури повеќе часовното седење на клупа во парк со најдобриот пријател е поскапоцено од најдобрата дискотека.

Не се памети првиот бакнеж, се памети бакнежот кој предизвикал бура од пеперутки во нашиот стомак, бакнеж кој не натерал да затрепериме.

Не се памети првата љубов, најчесто за неа само мислиме дека е љубов, а станува збор за заљубување кое со текот на времето исчезнува. Се памети вистинската љубов, љубов кој прави да заборавиме на ЈАС и светот да го гледаме низ призмата на зборот НИЕ.

Не се памети првото пијанство, а ни второто, ни третото… нив најчесто ни ги раскажуваат.

Не се паметат првите, туку вистинските работи во нашиот живот, оние кои имаа значење за нас. Се паметат моментите кои не градат како личност и луѓето поради кои сме таква личност. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајкратката љубовна приказна
Следна објаваЧудесна алпска вила
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ