При уредувањето на оваа соба, дизајнерката Jamie Meares наишла на малку необично и специфично барање од својата млада клиентка, која посакала истата да биде во Gossip Girl стил. Отпрвин не знаела за што станува збор, но по прегледот на неколку епизоди од популарната американска серија (,,Gossip Girl’’ / ,,Oзборувачка’’), веќе имала претстава што е тоа што од неа се очекува. Резултатот е женска спална соба која целосно се придржува до зададената тема, исполнувајќи ги желбите и замислите на младата девојка која во неа ќе престојува, а воедно со својот одличен дизајн е и убав пример како може да изгледа едно младешко дамско катче во домот. Ентериерот е светол и блескав, со урбан шик изглед и префинети детали кои суптилно се надоврзуваат на нежниот тон кој преовладува во просторот. Белата и ментол зелената ја сочинуваат основната комбинација на бои, надополнети со пастелни нијанси и поинтензивни колоритни акценти само кај дел од деталитe. Воочлива е фасцинацијата од пругастиот дезен, а не изостанува ни гламурозната нота, со кристалните орнаменти и внимателниот избор на стилски декор, меѓу кој значајно место зазема и портретот на Одри Хепберн, холивудската модна икона. Богатиот избор на текстури, материјали и украси креираат магична атмосфера, меѓу исклучителниот комфор  и пријатниот амбиент со кои едноставно зрачи.

02

06

10

03

08

07

11

09

04

05

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаде што убавината започнува
Следна објаваМоќта на шминката
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ